Мицкоски: Власта личи на автомобил пред ремонт, а вели ќе не однесе на Формула 1

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-123r75

Власта личи на стар автомобил пред ремонт кој ни вели дека ќе нѐ однесе на натпревар на Формула 1, каде што ќе победи, а не е способен да се придвижи на локална маалска трка. Маслото е растечено, моторот пред крахирање, а новата боја со која го пребојадисуваат и нѐ убедуваат дека е најдобар, постепено распукува и бледнее, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во општина Бутел.

— реклама —

Мицкоски пред присутните порача дека волкот влакното го менува, но карактерот не додавајќи дека иако Заев уште пред 5 години ветил дека ќе ја донесе Европската Унија во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината бидејќи, како што рече тој, Македонија е сѐ подалеку од Европската Унија.

— реклама —

„И не залудно велам насекаде, волкот влакното го менува, а карактерот не. Но, новината е сега дека влакното може да го сменат сто пати, ама карактерот, кој не го менуваат, им го научија, им го прочитаа и го распознаваат до перфекција. И кога Заев ќе каже дека Европската Унија ќе ја донел во Македонија, народот точно знае дека не ја говори вистината затоа што ова го кажува 5 години по ред и ЕУ е сѐ подалеку од Македонија. Одговорот зошто и во ЕУ не сакаат да седат на иста маса со Заев и врз себе да си ги лепат неговиот криминал, неговите афери и скандали“, истакна Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања