Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Во Бутел Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
103C3218-2A5E-45F2-99A4-139B5DCA5ECB

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја побара поддршката од граѓаните на општина Бутел за кандидатот за градоначалник Дарко Костовски, порачувајќи дека сегашниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски е во коалиција со бандити и криминалци кои го донеле на власт.

Во Бутел, Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт. Нив се им исполни, на народот не му исполни ништо, ветуваше поликлиника, основно училиште во Визбегово, водовод во Љуботен и Љубанци, гасификација, две нови градинки- ништо од ова не исполни, рече Мицкоски.

— реклама —

Затоа не им верувајте и сега кога лажно ветуваат. Поддржете промени. Излезете масовно на 17-ти октомври и заокружете го бројот 7 за Дарко Костовски, за победничката листа на коалицијата за Обнова на Македонија, за доктор Игор Николов, за професор Трајко Славески, бројот 82 за нов градоначалник на Градот Скопје, Данела Арсовска, порача Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања