Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски за дрогата во возилото на МВР: Што повеќе треба да се случи за да сфатат дека треба веднаш да си поднесат оставки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski

Денес пред одржување на состанокот со Стопанската комора на Северо - западна Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на пронајдената марихуана во автомобил на МВР на албанско- црногорската граница истакна дека јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и треба што побргу колективно сите да си дадат оставки и да заминат.

„Јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и никој не треба да има дилема, се издаваат пасоши на нарко босови од Балканот, се фаќаат дипломати со македонски пасоши кои што се бараат по потерници по Интерпол и денеска или вчера скандалот кога е заборавена дрога во возило кое што го користат вработени на МВР. Што повеќе треба да се случи во оваа држава за да овие луѓе сфатат дека треба веднаш сите колективно да си поднесат оставки и да заминат“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања