Промени тема
Контакт

Филипче заборави да спомене дека пари за вакцини се уплатени на компанија која тргува со овошје, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

На прашањето како ги коментира критиките од страна на опозицијата дека не прават доволно за граѓаните, премиерот Хирстијан Мицкоски изјави дека во време на СДСМ како држава најлошо сме се справиле со ковид пандемијата и имавме најголем број на смртни случаи.

— реклама —
— реклама —

„Ја гледав прес-конференцијата на претседателот на СДСМ вчера, таму тој се повика на мерките коишто биле преземени за време на ковид кризата и пандемијата, и правеше разлика и споредба на оваа мерка со тие мерки, и по што тие ќе останале запомнети, но заборави да кажа дека единственото нешто по коешто ќе бидат запомнети е фактот што како држава најлошо се справивме со ковид пандемијата, односно имавме најголем број смртни случаи по глава на жител, споредбено со сите европски земји.

Заборави да ја спомне мерката неколку десетици милиони евра уплатени на Стабри компанијата од Хонгконг којашто наместо специјализирана за набавка на вакцини е специјализирана за трговија со јужно овошје. Заборави да кажа за бруталниот поткуп на изборите во 2020 година кога со уредби со сила на закон се менуваа закони во 5 до 12. Заборави да ја спомне и трагедијата во модуларната болница овде кога луѓе живи горе, бидејќи тие модуларни болници се дел од мерките што владата на СДСМ и ДУИ ги носеше во тој период.

Заборави да кажа за сите оние провизии од тендери. Заборави да кажа како коленичеа на граница да добијат 5.000 вакцини донација од соседна Србија. Заборави да кажа како македонските граѓани во отсуство на грижа од страна на владата коленичеа во соседството да добијат и да аплицираат вакцина против ковид-пандемијата.

И заборави три точки уште многу работи да каже. Тоа нема да го слушнете на лажните клеветнички пресконференции на опозицијата, но затоа ќе слушнете како конструираат и измислуваат. Но граѓаните гледаат, тие повторно ги навредуваат граѓаните мислат дека политиките на СДСМ и ДУИ од минатото може да ги споредуваат со политиките од оваа влада, а граѓаните тоа го гледаат и тоа го кажаат на претходните локални избори, а кога го кажат тоа на следните парламентарни избори“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Без владините мерки дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари за литар, посочи премиерот

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-librarykl7jqn86fed49JdeegE

Мицкоски за Костадинов и негирањето на македонскиот јазик: „Не коментирам естрадни политичари“

Македонија | пред 4 часа

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски за заканите: „Пишувал дека сум свиња и дека ќе ме колел на плоштад, се заканувал и на моето семејство“

Македонија | пред 4 часа

media-libraryjod02qkgujqccUTgaFJ

39-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски, Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања