Промени тема
Контакт

Мицкоски за Гостивар: Најпрво техничка вода, потоа вода за пиење, одговорните ќе сносат последици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryj4kjb8bl7jrh9H2WlcX

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека државните институции ја презеле координацијата за справување со кризата со водоснабдувањето во Гостивар и најави дека приоритет е обезбедување техничка вода, а потоа и безбедна вода за пиење.

Одговарајќи на новинарско прашање за кризата во Гостивар, Мицкоски рече дека во текот на денот ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за кризни состојби, на која ќе бидат донесени дополнителни одлуки.

„Министерот за здравство денеска во 12:30 часот ќе има седница на Управувачкиот комитет за кризни состојби. Мислам дека ќе се донесат одлуки“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој оцени дека државните институции ја презеле работата по, како што рече, „летаргијата“ на локалната самоуправа.

— реклама —

„Важно е сега, откако полека, но сигурно, работата се презема по летаргијата која ја имаше Општината, од страна на државните институции, да обезбедиме најпрвин техничка вода, а потоа и вода за пиење“, рече премиерот.

Во однос на истрагата за случајот, Мицкоски изјави дека Обвинителството веќе постапува и дека ќе има одговорност.

— реклама —

„Постапува Обвинителството. Сите оние кои се одговорни за ова ќе треба да бидат сослушани и, нормално, да се преземат мерки против истите. Веќе три лица се идентификувани како такви. Колку што знам, определени се мерки за обезбедување, така што институциите, како никогаш досега, во најбрзо време реагирале“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања