Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Мицкоски за интервенцијата во говорот на Меланија Трамп: Невозможно е, некои дипломати само сакаат да бидат интересни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7kpr0omvi7a2e7pvDRA

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли како неосновани наводите во дел од грчките медиуми дека нивниот амбасадор во САД интервенирал во говорот на првата дама на САД, оценувајќи дека такво нешто е практично невозможно и претставува обид за медиумска манипулација.

— реклама —
— реклама —

„Јас го прочитав тој натпис во медиумите кај нашиот јужен сосед, претпоставувам дека дипломатски е изворот. Зарем некој може да верува дека говорот на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш Соединетите Американски Држави имаат озбилен безбедносен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што претпоставувам, некои од дипломатите на некоја амбасада сакаат да бидат интересни, можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како, не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема. Но, верувајте, од моето искуство, многу тешко да не речам невозможно е да некој надворешен дојде до говор на Првата дама на Соединетите Американски Држави пред таа да го соопшти на јавноста. Така што, тие што ова го смислиле, мислам дека направиле неуспешна игра на себе“, изјави Мицкоски.

— реклама —
media-libraryid2nkn9987eib45jnNi

Меланија Трамп сакала да го употреби името Македонија, но Грците ја коригирале

Kaко што пренесуваат грчките медиуми, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија планирала да го употреби името Македонија, по што Грција реагирала.Дел од грчките медиуми пренесуваат дека се очекувало Меланија Трамп да ѝ се обрати на сопругата на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, користејќи ја фразата „ја поздравуваме Македонија“, во присуство на гости од 45 земји. Сепак, грчкиот амбасадор во САД, Антонис Александридис, бил информиран однапред за говорот

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypau87gtmmr0q1TNsO32

Мицкоски: Без промовирање на семејните вредности, македонската економија ќе биде прва на удар

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library6jpon8suc9aa48u3kwF

На Скопје не му треба нов клинички центар, туку подобра организација на постојните болници – усогласени ставовите на Мицкоски и Клековски

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот би можел да поевтини за дополнителни 2 денари по литар

Македонија | пред 3 дена

media-librarypejvl062qgbd1mehIZw

Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања