Промени тема
Контакт

Мицкоски за изгорената болница: Поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на струја на диво,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-modularna-tetovo

Владата направи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување, а кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минсистерот за здравство. Прашувам го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е поставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво, рече лидерот на ВМРО-ДПМНE, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за измените на Законот за градење по средбата со првиот човек на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа.

Мицкоски додава дека „тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму модуларната болница, кој ја пуштил во употреба на диво и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“.

Според него одговорноста е јасна и не треба странски комисии да утврдуваат ништо.

— реклама —

Мицкоски со објаснување што претходно предвидувал Законот за градење.

„Во Законот за градење има три столба кои се значајни, првиот е одобрение за градба, вториот е категоризација на градба, прва и втора категорија, третиот столб е употребна дозвола. До сега имаве прва и втора категорија или прва објекти кои да речеме би требало да се изгради една ваква болница бидејќи е дел од владината одговорност во случајов министерство за здравство со министерство за труд и социјала, а втора категорија се индивидуални станбени објекти, куќи. Пуштање во употреба за индивидуален станбен објект, куќа се врши со технички извештај од надзорен инжинер и тогаш со тој извештај одите во општина добивате решение и го запишувате во катастар и станува ваш. Кога станува збор за градба од прва категорија надлежно беше до сега министерство за транспорт и врски и овој објект требаше да биде градба од прва категорија. Што значи тоа, градба од прва категорија, дека има основен проект, ревидиран кој е проектиран од проектантско биро со А лиценца и ревидиран од ревизорска куќа со А лиценца. Тие документи се закачуваат на електронскиот систем е -дозвола заедно со други проекти меќу кои елаборат за противпожарни инсталации, громобрански инсталации и сл.“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој објасни дека тогаш „министерството за транспорт ги праќа овие проекти до институциите на одобрување и мислење и кога ќе ги собере сите одлучува да даде одобрение за градба, која се следи и на крај комисија од министерство за транспорт и неколку други институции излегува на терен и оценува дали е изработен според проект и ако е се дава одобрение за употреба“.

— реклама —

И сега, објаснува Мицкоски, што прави Владата.

„Носи измени на Законот за градење со кои ги заобиколува сите институции и формира нова градба која се нарекува модуларна или монтажно демонтажна градба и вели за овие објекти нема потреба од одобрение за градба, туку решение за поставување кои документи се потребни за ова вели ќе се дефинира со правилник за кој е одговорен минситерот за здравство. Го видел некој правилникот и што предвидува? Значи болницата е ставена на диво, пуштена во употреба на диво и приклучена на електрично напојување на диво. Е тука треба да се бара одговорноста по вертикала кој дозволил да се постави таму, кој ја пуштил во употреба и кој дозволил на диво да се приклучи на електрична енергија“, укажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања