Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека премиерто Зоран Заев нема да се повлече од премиерското столче ако Петре Шилегов ги загуби изборите во Скопје. Ова доаѓа по вчерашната најава на Заев, според кого, не може да продолжи да ја води Владата, но тоа ќе го прави некој друг, ако СДСМ го изгуби градоначалничкото место во главниот град на Македонија.
„Многупати Зоран Заев кажал па порекол. Така и овојпат. Мене ме загрижува ова што се случува меѓу двата круга, политиката на делби и поделби, на или-или коментари, разгорување на меѓуетничка тензија. Тоа е со единствена цел, ставањето на граѓаните пред свршен чин, да ги задржат привилегиите од власта и да ги пљачкаат со тендери. Избликот на национализмот, плашењето на граѓаните дека доаѓа злото е за да ја задржат власта и да продолжат заедно ортачки со ДУИ да го пљачкаат народот. Народот нека биде спокоен, доаѓа нова иднина, на проекти и промени“, рече Христијан Мицкоски.
Заев најави оставка ако изгуби Шилегов, има кој да го замени од СДСМ
Влада предводена од СДСМ и зајакната плус, останува, ова го посочува претседателот на Владата, Зоран Заев кој најави оставка ако Петре Шилегов не победи во Скопје на локалните избори. Тој за „Сител“ вели дека нема предвремени избори затоа што 2,5 години се наменети за зајакнување на економскиот стандард. Заев посочи дека има кој да го замени.„Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум борец, сум се борел против режим, сум се борел внатре за соединување на ова општество, дипломатски, но треба поддршката од граѓаните. Јас или Влада предводена со мене, не може понатаму да води“, рече Заев.
Македонија | пред 4 години