Промени тема
Контакт

Мицкоски за новото раководство на СДСМ и мандатарот Ковачевски: Очекувам продолжување на заевизмот, неуспесите и немање стратегија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со коментар за составот на новото раководство на СДСМ. Мицкоски рече дека очекува продолжување на политиките на заевизмот, неуспесите, немањето на стратегија.

„Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознаам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната посета на општина Бутел.

— реклама —

Мицкоски и додаде „освен обраќањето на Ковачевски кон Заев како претседателе, ловориките глорификацијата ништо не слушнавме од новиот лидер на СДСМ“.

— реклама —

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека не очекува никаков пресврт и во однос на политиките на Владата која ќе ја предводи Димитар Ковачевски.

— реклама —

„Продолжува заробената држава и хибридниот режим. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со најголема пратеничка група во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу градоначалници, три четири пати повеќе од СДСМ, со најмногу советници во општините, но ете Пендаровски продолжува да биде дел од хибридниот режим и заробената држава и одлучува мандатот да го даде на лице кое не учествувало на изборите, ниту ја побарало довербата, ниту има било каков народен легитимитет“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од новиот мандат и новата Влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања