Промени тема
Контакт

Мицкоски за СДСМ: Тие не се борат за победа на наредните избори, туку за опстанок на раководството во партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library5599haamqj8b3gCjaWK

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во врска со обвинувањата од страна на опозицијата дека нема напредок во исполнување на реформската агенда премиерот Хирстијан Мицкоски ги замоли граѓаните пораките кои доаѓаат од СДСМ да ги прифааќаат со резерва.

„Би ги замолил граѓаните сите оние пораки што доаѓаат од страна на опозицијата да ги прифаќаат со резерва, бидејќи целта на оваа опозиција не е да испрати точна порака или да биде конструктивна и да понуди решение, туку целта е со лаги и шпекулации да привлече внимание. Тие не се борат на следните избори да победат, туку се борат ова раководство и понатаму да остане раководство во опозицијата.

— реклама —

Во смисла на тоа што го зборувам, а и во таа насока, е и шпекулацијата поврзана со застој во реализирањето на реформската агенда. Вчера имавме долг состанок со ресорните министри во Владата, кои треба до крајот на јуни да ги доиспорачаат веќе започнатите чекори. Можам да кажам дека сите оние 10 што се заостанати, со исклучок на 2, ќе бидат испорачани.

Првиот е оној дел во кој се бара од државата да не обезбедува 100% електрична енергија за домаќинствата и за сите корисници на електрична енергија од снабдувачот, бидејќи цениме дека тоа што го прифатила претходната Влада, ако ние го продолжиме и го прифатиме, тогаш сметките за електрична енергија на домаќинствата ќе бидат за 25% до 30%, па и повеќе, поскапи. Тука свесно нема да одиме во реализација на тој чекор, бидејќи сакаме да го заштитиме стандардот на граѓаните.

— реклама —

Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и, сè додека е таа одлука, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме.

— реклама —

Сè останато ќе биде завршено и сè останато ќе биде уште еден демант на лагите што ги испраќа СДСМ на тие дневни прес-конференции“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања