Мицкоски задоволен од Арсовска: Состојбата која ја затекна е алармантно катастрофална

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20211003_210526_063

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат М, во врска со работата на градоначалничката на Град Скопје, истакна дека е задоволен од првичниот перформанс која таа го покажа на функцијата, имајќи предвид дека нејзиниот претходник градот го оставил во катастрофална состојба.

— реклама —

„Сосема сум задоволен од првичниот перформанс имајќи предвид информации кои јас ги знам, што за жал не ги знаат доволно граѓаните. Состојбата која беше затекната е алармантно катастрофална. Тоа требаше да го знае јавноста и тогаш дел од овие критики кои се упатени кон градоначалничката Арсовска немаше да бидат упатени бидејќи луѓето ќе ја знаеја состојбата со која таа се зафати. Навистина е херојски добро да се зафати некој со една таква состојба да ја решава“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека според оваа перцепција и она што и е на располагање на Арсовска таа може да направи три работи, прво да дозаврши нешто кое што е почнато од нејзиниот претходник бидејќи се што е почнато е почнато без да биде осмислено, а градот е преземен со потрошен буџет.

— реклама —

„Втората работа е да ја подобри хигиената и мислам дека видливо во Скопје, се чистат депонии, веќе нема преполни контејнери, веќе нема отпадоци по улиците. Третата работа е да се подготвува за следната сезона, а тоа е да отпочне со проектирање на проекти и реализацијата на тие проекти да заврши на пролет, да се подобри администрацијата и тоа е она што таа го има на располагање во овие месеци“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека јавноста треба да знае каде завршувале парите, што се случувало во јавните претпријатија, како се гоштевале и имало привилегирани лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања