Мицкоски задоволен: Ваучерите за електронски уреди за студенти се целосно искористени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-libraryvj41h4ev9u776Saxiwl

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече искористеноста на ваучерите за таблетите и електронски уреди за студентите, изјави:

— реклама —

„Па целосно е искористено тоа, вкупната бројка е искористена, што нас посебно нè радува, за прв пат ова се случува. Интересот, беше навистина за нас изненадувачки, ние ветивме дека сите студенти без разлика дали се студенти на приватните или државните универзитети, ќе бидат корисници на овие ваучери и ние сме задоволни со степенот на искористеност. Дали 15.000 денари се доволни, можеби нецелосно. Но дали може со тоа да се купи електронски уред којшто ќе служи понатаму, може.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања