„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Заев истрча да префрли одговорност за прислушувањето кое се случувало во целиот период додека е премиер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Mickoski-pres

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со прислушувањето во Обвинителството вели дека вчера премиерот Заев истрчал да ја префрли одговорноста, а тоа покажува дека си ја ишка мувата од капата.

— реклама —

„Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава каде луѓето на власт уништуваат и сакаат да управуваат со нашите животи.

Ненормалното се продава за нормално, за да може секоја кражба, секоја извитопереност да им помине.

— реклама —

Вчера се соопшти скандалозна вест. Обвинителството и судството прислушкувани. Тоа значи дека таму некаде некој кој денес е власт прати порака, судиите и обвинителите ги имаат во рака, со снимани разговори, уценети, им требаат покорни на политичките наредби, додека правдата се заобиколува.

Вчера излегоа со информацијата за прислушкување на обвинителството и судството, а премиерот Заев истрча да префрли одговорност што само покажува дека си ја ишка мувата од капата и дека што би рекле нашите постари кабаетот е голем. Кои се фактите. Рекоа дека прислушкувањето започнало од септември 2016та година, а од 2 септември 2016та година министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од СДСМ. (Еден период како технички, а потоа како полнозначен министер во владата на Заев) што значи дека ако имало прислушкување тоа е во целиот период додека овој човек е министер и во целиот мандат на оваа влада на Заев. Значи согласно засега достапните информации ова прислушкување се случувало во целиот период додека Заев е премиер, Спасовски министер, а Верушевски советник во Владата, истиот тој советник добро познат од аферата Големото Уво и бомбите на Заев. И клучното прашање е кој располага сега со разговорите на обвинителството и судството, кој ги држи уценети, кое обвинителство сега ќе ги истражува разговорите за да утврди кој диктира обвиненија и суди неправда (секако не смее тоа да биде политизираното СЈО), какви разговори има и дали поради тие разговори премиерот Заев предвреме ги погодуваше точните пресуди и висини на казни. Дали поради тие разговори одредени судии се исплашени, па судат во неразумно време, се кршат процедури, закони, правила, дали поради тие разговори одредени обвинители го амнестираат вистинскиот криминал?

Зоран Заев е година ипол премиер, тој ја контролира и централната и локалната власт, одговорноста е негова, но и мрежата во која самиот се заплетка е исто негова. Ова е црниот вотергејт на оваа власт.

#Црнила“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1116151388560319?__tn__=-R

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања