Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на митинг се обрати пред граѓаните во Општина Кратово. Мицкоски пред присутните истакна дека дојде време овие, како што ги нарече, политички измамници од врхушката на СДСМ на чело со Заев да заминат во политичка историја, политичка пензија, која нема да им биде мирна затоа што од прв до последен ќе треба да одговараат за сите криминали, злодела, понижувања, омаловажувања кои во овие две години ги нанесоа на Република Македонија и граѓаните.
Мицкоски во своето обраќање одговори на повиците за АРМ на портпаролот на СДСМ, истакнувајќи дека тоа младо момче не знае што е утринска смотра, што е пожарство, дали знае што е стража на минус 20 степени во пола метар снег, а не знае ниту неговиот лидер Зоран Заев бидејќи со лажна медицинска белешка го избегнал воениот рок, но како што рече затоа не им пречеше да ја обесчестат армија, да ја постројат македонската гарда и да ја интонираат македонската химна.