Промени тема
Контакт

Мицкоски: Заев се вози во БМВ од 100 илјади евра, додека земјоделците продаваат еден килограм јаболка за два денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-123r75

Ова не се обични избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските освети. Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата во оваа погрешна, полна со криминал, предавства каде граѓаните се иселуваат или ќе избереме патека на која иднинатата ќе ни е пред и над се. Патека на реформи, визија, стратегија, иднина, на 17 октомври гласајте за број 7, а веднаш потоа ќе има и ново владино мнозинство, нова влада предводена и во првите сто дена одговорност за кримналот и предавставата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митигот во Могила.

„Кога ги гледам митинзите на Зоран Заев и оние мали зоранчиња имам чувство како да останале заглавени во минатото небаре 4 години биле отсутни и да беа отсутни ништо не направија, сработија, ама за себе, не и за граѓаните. Ако ги слушате, како да се тешка опозиција можеби се спремаат, а,ко е така тогаш нека вежбаат. Исплашени се затоа што знаат дека новата влада нема да ги остави, одговорност мора да има“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека ситуацијата е сериозна бидејќи власта претера, и покрај криминалот ништо не сработи.

„И ќе дојдат и ќе ви кажуваат како биле најдоброто наместо да ви се извинат. Ќе ви кажам неколку примери кои ги слушнав, ќе почнам од Ресен тие се во ек на јаболкоберот зборуваме како е ситуацијата со откупот велат никогаш полошо 2 денари е килограм и велам што ви рече Заев велат ништо дојде тука со новото возило кое чини 100 илјади евра или колку 3 милиони килограми јаболка. Иста е маката и на лозарите и на оризопрозиводители. Да бидам искрено во едно се најдобри во крадење и лажење и затоа Македонија важи за најкриминална држава, не може да дојде инвеститор да инвестира“, рече Мицкоски.

— реклама —

Најдобри се, додаде тој, да, а во суштина се најлоши зошто сме и први во Европа по починати од корона и наместо да трчаат по лекови и вакцини, тие трчаат по провизии, во Тетово 14 луѓе живи гореа одговорност нема, не постои балкански криминалец кој нема пасош издаден од МВР на Спасовски.

— реклама —

„Одговорност ќе има, стојам пред вас и ви ветувам. Волкот влакното го менува, ама карактерот не затоа ни е потрбна нова иднина, иднина со проекти каде ќе победуваме, затоа е важно на 17 да излеземе масовно и да гласаме за број 7“, кажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања