Промени тема
Контакт

Мицкоски: Заев вети дека ќе прави метла, но наместо тоа отиде на одмор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickovski-press-poraz-1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со скопјани во општина Гази Баба.

„Нема застанување, нема калкулации, имаме задача да ја кренеме земјата од пепелот во кој ја оставаат и пустошот кој го прави оваа власт со секој поминат ден. Реалноста значи дека имаме работа со луѓе кои се измамници, луѓе кои ги искористија, прокоцкаа сите шанси и сите дадени можности“, порача Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Според лидерот на опозицијата, се знае дека нема подобро со оваа власт и дека „метлата” во која се колнеше премиерот Заев е само уште една проѕирна лага.

— реклама —

„Откако во првиот круг ги виде резултатите од изборите, на кои претходно велеше дека блескаме, вети дека ќе прави метла. Завршија изборите, наместо метла отиде на одмор. А таквата, метлата ќе ја правел по еден месец. Но, не е до метлата, туку до тој што треба да измете. Тој човек треба да си замине. Ова се луѓе кои уништуваат, уриваат, кои со својата непринципиелност оставаат зад себе чемер и јад и неморал кој ги урива вредностите. Ние сме тие кои заедно со народот ја имаме обврската да се избориме за иднината на земјата, да обезбедиме напредок, и решавање на проблемите. И ние тоа ќе го направиме. Заедно и силно, за нашата Македонија!“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања