ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Мицкоски: Заканите од кумановската група се уште еден обид јавноста се дефокусира од сите овие злодела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
MOV_4678.00_00_01_19.Still001

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и одговраше на новинарски прашања.

— реклама —

Прашање од новинар: Како го коментирате писмото што е објавено во весникот Лајм каде се праќаат закани од кумановската група до вашите поранешни функционери?

Одговор на Христијан Мицкоски: Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи. Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље. Обично кукавици преку фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате.

— реклама —

Прашање од новинар: Рековте дека нема да гласате за реформските закони и во процесот Жан Моне, доколку не се поддржи вашиот предлог за Јавен обвинител. Што доколку власта тоа не го дозволи и не ги ослободи, мислам, овие за кои се бара одземање на имунитетот за пратениците?

Одговор на Христијан Мицкоски: Јас и во мојата изјава кажав дека, денеска Македонија како правна држава функционира по принципот, дајте ми човек ќе му смислам обвинение. Отприлика на тоа се сведува правото, и одприлика на тоа се сведува обвинителството и судството во Република Македонија. Ние како политичка партија нема да поддржиме ниту еден производ кој што ќе произлезе од оваа криминална непотистичка и насилничка Влада, предводена од деспотот Заев, се до оној момент додека не видиме дека од спротивната страна навистина постои добра волја и чесна намера, да Македонија се врати на вистинската патека. А тоа е, да биде повторно правна држава каде што ќе владее правото. Првиот чекор е, еве овој. А тоа е, да се поддржи кандидатот на опозицијата за нов Јавен обвинител во Република Македонија. Има уште неколку чекори, кои што, доколку Зоран Заев нареди, јас сум убеден дека Јавниот обвинител веднаш ќе ислугува и ќе ги испорача, a тоа е, најпрвин да ди разгледаат евидентираните недоследности и неправилности кои што се случуваа за време на референдумот на 30-ти септември 2018-та година. Каде што се кршеа светски рекорди, каде што законот на физика беше мало дете, кога луѓето успеваа да гласаат за 2,4 секунди, дури и Усаим Бод можеше да им позавиди на луѓето. Каде што имавме излезеност, на некои избирачки места, поголема од 98% иако во минатото, ако ги анализирате изборните циклуси, ќе видите дека таму излезеноста не надминала педесетина проценти.

Еве му два хинта од наша страна каде што он навистина може да докаже дека ова е правна држава дека навистина постои честитост да ги изведе пред лицето на правдата сите оние сторители на тие недела и на тој начин практично на нас како опозиција ќе ни ги одземе аргументите и ние навистина ќе се повлечеме. Но јас не верувам дека он ќе се охрабри ќе се осмели бидејќи тие слуги тоа го прават за да му слугуваат и за да може на нечесен начин да го крадат гласот на народот и гласот на граѓаните. Oо ние на следните претседателски избори ќе сториме се да повторно не се случи. Tака да еве долгата приказна на кратко има еден начин тоа е да го поддржи предлогот на опозицијата за нов јавен обвинител и вториот е да ги изведе пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената правдина за сите недела оние лица кои што безмилосно и брутално ги полнеа кутиите за време на референдумот каде што повторно ќе кажам луѓе гласаа за неверојатни 2,4 секунди и излезеноста беше 90 %.

Јас навистина сум вчудоневиден како е можно до ден денешен после неколку месеци никој да не се охрабри да го постави ова прашање и на јавното обвинителство и на министерката за правда и неправда и на претседателот на Владата деспотот Зоран Заев. Ако ние треба да живееме во држава каде што мракот и темнината ќе ја задушат критичката мисла одбивам и ќе се борам во првите редови да тоа замине во историјата. Првиот чекор граѓаните можат да го направат на 21 април подржувајќи ја масовно професорката Гордана Силјановска Давкова за името на правото и правдината да се вратат повторно во Република Македонија и да се спасиме од деспотизмот кој што за жал денеска масовно зафаќа размери во Република Македонија. Ајде сите заедно да го подржиме овој предлог во името на правото и правдината во името на честита Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања