Промени тема
Контакт

Мицкоски: Започна изградбата на влезот на Битола, следната година општината ќе добие над 14 милиони евра за проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5204

„Добар ден и од мене. Задоволство е да се одбележи овој почеток на овој проект којшто ќе значи многу за битолчани и мислам дека со ова, уште едно ветување коешто го дадовме го исполнуваме со овој почеток.

Очекувам брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина. Како што самиот градоначалник кажа, не само овој проект овде, туку и на многу локации низ Битола се работат и градежни зафати и други проекти.

Јас сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто грчевито се бореа во минатото, а и сега морам да кажам, и покрај тоа што Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, се борат за секој проект повеќе за Битола.

— реклама —

Јас секогаш сум велел така и сега сакам да испратам една порака, дека за мене Битола има посебно значење во делот на реализација на проектите. Битола полека но сигурно најпрвин во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник заедно со советниците и со администрацијата се обидуваат што е можно повеќе проекти да реализираат.

Морам да напоменам дека во тој период, Владата не беше позитивно настроена кон Битола, битолчани и градоначалникот, честопати и се одземаа ингеренции и до ден денеска, сѐ уште рецидиви од тоа време, но сега е поинаква ситуацијата.

— реклама —

Можам да кажам дека откако ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик очекувам, а од тоа што го знам е дека Општина Битола ќе конкурира со нови проекти, но исто така и со усвојувањето на Буџетот за следната година ќе имаме дополнителни проекти, само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина.

— реклама —

Така што мислам дека ќе имаме навистина еден комплетен нов изглед на Битола и тоа ќе не направи нас прилично горди.

Уште еднашка му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците на сите луѓе, благодарност и до Вас што не следите секој пат и кога не бевме Влада, кога бевме во опозиција и сега кога сме Влада еве на овој прв денешен настан. И да посакам уште многу многу вакви проекти да бидат реализирани во Битола, бидејќи Македонија и Битола се сакаат со дела.”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања