Премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на министеркат за енергетика, Соња Божиновска, која кажа дека не се произнела како Бугарка, а бугарските медиуми објавија нејзина изјава дека токму на тој начин го добила државјнаството. Пратеникот Оливер Спасовски го праша Мицкоски дали ќе бара одговорност од Божиновска бидејќи таа излажала за детали од бугарското државјанство. Премиерот пак, одговори дека треба да е привилегија тоа што таа е дел од власта, а овој дел за него не е важен.
„Да биде Сања Божиновска дел од македонската Влада треба да е привилегија. Тоа што таа го има на професионален план во енергетиката направено, не можете да го сонувате, а камо ли да го постигнете. Вие можевте барем да кажете - секоја чест за стручноста и личното портфолио. Сега се доведуваме во ситуација да е грев ако сме успешни, да зборуваме работи кои немаат никаква врска со тоа кое го води Сања“, рече Мицкоски.
Тој додаде и: „Сања е многу поголема Македонка од сите вас заедно“.
Сања Божиновска лично потпишала: Изјавувам дека имам бугарска самосвест и дека имам бугарско потекло, објави Бгнес
Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и корени, објави Бгнес.„Изјавувам дека имам бугарска самосвест и бугарско потекло“. Ова во 2004 година го напишала актуелната македонска министерка за енергетика и бугарска државјанка Сања Божиновска, пренесе Бгнес.На 18 октомври годинава Божиновска свечено соопшти дека „ниту еден граѓанин на (Северна) Македонија кој се стекнал со бугарско државјанство не се чув
Македонија | пред 1 година