🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мицкоски: Завршува времето на Заев, граѓаните на 15 јули ќе изберат Обнова на Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

mickoski-prilep-kampanja

Денеска сме овде заедно со жителите на Крива Паланка, практично е претпоследен ден од кампањата за предвремените парламентарни избори. Денеска завршуваме овде со собир во Крива Паланка со граѓаните, претходно ќе ги посетиме и Кратово и Ранковце,  истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од она кое што можев до сега да го видам и да слушнам од граѓаните практично е иста сликата секаде тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од ова политичко мочуриште наметнато од пандемија повеќе од три години од ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев кое што гледаме цела кампања ја помина заглавено во минатото, сеуште споменувајќи некаков режим, а имаа повеќе од три години да се справат со тоа кое што они го нарекуваа режим.

Наместо денеска да бидат нивни лојални поддржувачи и верен коалиционен партнер имаа можност повеќе од три години да покажат и докажат дека тоа што го тврдеа во минатото е вистина.

— реклама —

Но, она што е вистина и е факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија и ја претвори на дното, ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернационал по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место или би рекол на дното во Европа.

Ние какао ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска зборувавме за нашата понуда,  зборувавме за нашиот проект Обнова кој е испитан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција.

Така што имавме што да понудиме и имавме успешна кампања и цениме дека поддршката од страна на граѓаните нема да изостане во среда, а потоа да ги засукаме ракавите и сето она кое што сме го ветувале, сето она за кое што се обврзавме да го испорачаме, истакна Мицкоски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања