Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мицковски до Филипче: „Кога нашите студенти се кренаа против Груевски, ти беше со контрапленумот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Коментари
media-librarydsl2vqqf0ldjdghAd0C

Политичкиот аналитичар Ивор Мицковски упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека се обидува политички да ја присвои победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Мицковски го потсети Филипче и на неговото однесување за време на студентските протести против власта на Никола Груевски.

„Честито Србија, те чекаат подобри денови. А кутрите ние со Филипче ќе се ослободуваме, кретен што си ја присвојува победата на студентите“, напиша Мицковски на Фејсбук.

— реклама —

Тој го обвини лидерот на СДСМ дека во периодот кога македонските студенти протестирале против тогашната власт, застанал на спротивната страна, поддржувајќи го контрапленумот.

„Кога нашите студенти се подигнаа против режимот на Груевски, прв се потпиша во контрапленумот на власта, па после правеше фалсификати дека не потпишал“, тврди Мицковски.

— реклама —

Аналитичарот не приложува докази за овие обвинувања во објавата, па тие претставуваат негови тврдења, а не независно утврдени факти.

Во завршниот дел од реакцијата, Мицковски повика на создавање нова опозициска политичка сила во Македонија.

— реклама —

„Со фалсификатори не се оди никаде, ајде па и ние да си создадеме вистинска опозиција и да смениме трули власти“, порача тој.

Реакцијата следува откако Филипче ја поздрави изборната победа на студентската листа во Србија и порача дека по политичките промени во Унгарија и Србија, следуваат промени и во Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања