Мицковски: Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника поради загадениот воздух

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ivor

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух, напиша на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски.

— реклама —

„Ниту една конкретна мерка не презедоа, шминка до шминка, алиби до алиби. Домаќинствата биле, не можеле ништо, ќе требале години, а кога требаше да дојдат на власт, ветувања, ќе се мерело, ќе се возело еколошки, немало градби да има.

Па Град Скопје со таа градба кај Јужен, го загади градот за уште толку. Насекаде се гради ко лудо, додека сте договорени со градежна мафија да раскажувате како имало пад во градбата, па уште на цел памет да изјавувате дека слободна механизација немало да остане оваа година. Цела држава е депонија, цела држава ја загадуваат неколку големи газди и ништо не правите, освен пред избори да им поделите на градоначалници пари наводно да преместат депонии еден километар. Дрисла ќе ја затваравте, Дрисла ве јебала, се што кажавте излажавте. Една шајка не тргнавте од СК 2014-та, очи и слух немате за никаква сугестија, узурпација на јавен простор оставивте, една тераса не тргнавте, барокот им го доградувате и сервисирате. Како не ви е срам, вие не сте власт, вие сте корумпирани гниди кои го оправдувате и легитимирате режимот и неговите симболи. Вие немате ефективна власт, прво зошто сте неспособни, второ зошто немате никаков културен хоризонт и вредносен систем, вас ве занима само да товарите магарето и да раскажувате приказни. Градот се распаѓа, буквално, вие го доуништувате тоа што требаше да почне да се менува и спасува. Ма што се објаснувам бе ја, реалноста е пред очите на сите, каков пропалитет сте вие“, стои во објавата на Фејсбук.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања