Лидерот на најголемата грчка опозициска партија и најсериозен кандидат за иден премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис на промоција на четиригодишната владина програма на Нeа демократија ја повтори намерата за спроведување кампања за промоција на брендот Македонија. Медиумите не посочуваат дали Мицотакис има посебен план за Преспанскиот договор, но тој јасно ја издвојува важноста на регионот Македонија.
Конечно, осмислуваме меѓународни кампањи за вистинска, вистинска Македонија на прво место. Тоа го правиме со цел да ја вратиме реалноста и да го промовираме „името Македонија“ и македонските продукти на меѓународна сцена“, се наведува во програмата.