„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мијалков денес повторно во судница – прво рочиште по притворот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

mijalkov-1

— реклама —

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков денес за прв пат откако е приведен треба да биде спроведен во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот „Титаник 2“. Обвинетиот Мијалков се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шутка на барање на СЈО кое тврди дека тој имал намера да бега. Ваквиот предлог беше прифатен од Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 и поранешниот прв човет на УБК пред неколку дена заврши во притвор

— реклама —

За случајот „Титаник 2" обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Изречениот притвор за Сашо Мијалков според неговите адвокати е политичко, а не правно решение. Во реакцијата адвокатите тврдат дека не постои никаква основа за мерките на претпазливост да бидат укинати и заострени, бидејќи, според нив, не е сменета ниту една околност во однос на моментот кога му се изречени.

Во неа уште се наведува дека определениот притвор е незаконски поради фактот што, според бранителите на Мијалков, тој повеќе од една година ги почитува определените мерки на претпазливост, се јавува на сите покани од судот и обвинителството.

Адвокатите поднесоа жалба до второстепениот суд и бараат укинување на ваквата мерка. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања