Промени тема
Контакт

Мијалков одговараше кој е рецептот за милионите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mijalkov-sud

Сашо Мијалков, обвинет во судскиот предмет„Плацеви на Водно“ денеска се појави на судското рочиште. Тој беше во изолација поради коронавирус, па судијата Илија Трпков на почетокот на судењето го праша дали е во добра здравствена состојба и, откако доби потврден одговор, почна главната расправа на која е присутен и бизнисменот Јордан Камчев, кој, заедно со Мијалков, се бранат од слобода откако апелациските судии ги ослободија од притвор со приложена гаранција од над 11 милиони евра.

“Кој е рецептот за милионите?”, го прашаа новинарите при влегувањето во судот.

— реклама —
— реклама —

“Немам таков рецепт”, кратко одговори Мијалков.

— реклама —

Во „Плацови на Водно“ Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски. Покрај Груевски, Мијалков и Камчев, обвинети се и Ратка Куновска-Камчева, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања