Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мијалков останува во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му одреди домашен притвор.

— реклама —

Со одредениот притвор Сашо Мијалков нема да излезе од затворот во Шуто Оризари за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.

„Со околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укината. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството се делумно идентични како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог, би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот кој и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што е добро ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.

— реклама —

Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази.

„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање нелови што не се предмет на обвинение, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане во државата“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

„Имајќи ја предвид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.

Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.

„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Александар Новаковски.

Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања