Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој призна вина во „Империја“ и доби три години затвор, барал условен отпуст, дознава „Скопје1“. Ова е можност која ја имаат сите затвореници кои ќе издржат половина од казната, а поради добро поведение, може да побараат да изезат побрзо. Кривичниот суд постапувал по неговото барање, но не му го одобрил, со што, тој треба да остане во струшкиот затвор до крај на казната.
Сепак, Мијалков спас ќе бара во Апелација. Решението на Кривичниот совет од Кривичен суд го обжалил пред апелационите судии. Сега, второстепениот суд ќе може да му ја прифати жалбата и да му даде отпуст или пак да го потврди решението.
Освен за случајот „Империја“ каде сам призна вина и се договори со обвинителката Лиле Стефанова да добие помала казна, Мијалков нема да понесе никаква одговорност за најголем дел од другите предмети каде беше обвинет. Застаре најголемиот предмет „Таргет-тврдина“ за прислушувањето, како и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Не се знае иднината на предметот „Трезор“ за набавката на британската опрема за следење на комуникации. Мијалков има уште една условна казна, а тоа е за предметот „Плацови на Водно“.
Казната за „Империја“ ја издржуваше во струшкиот затвор. Станува збор за отворен тип на затвор, што значи, тој излегува денски, се враќа ноќе. Тами треба само да преспие, ако се следи правилникот.
Последно, Мијлакови успеаа да си ги повратат и становите кои им беа конфискувани од „Империја“, и тоа за џ'блк цени.
Од лев во десен џеб: Како Мијалкови го изиграа законот и си ги купија становите за џ’блк
Мијалкови успеаа да го изиграат законот, па становите кои државата ги заплени од нив, да си ги вратат во своја сопственост за година и половина, по причилно ниски цени. Законот за управување со одземен имот изрично забранува осудени лица во постапката во која се прави заплената, да учествуваат во постапката за продажба. Тоа, семејството на Сашо Мијалков вешто го изиграло. Становите кои пред заплената беа сопственост на „Ексико“ фирма сопственост на сопругата Александра Мијалкова, а сега од држав
Македонија | пред 2 години