Промени тема
Контакт

Микробиологот Пановски: Во Гостивар има епидемија, а никој не ја прогласува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
panovski

Микробиологот Никола Пановски смета дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и упати критики до епидемиолошките служби поради, како што наведува, непостапување во ситуација со голем број заболени.

Во објава на социјалните мрежи, Пановски наведува дека според негова проценка околу 1.500 лица се регистрирани со исти симптоми, а уште најмалку 5.000 граѓани не побарале лекарска помош.

— реклама —

„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30 проценти од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија. Епа браво“, напиша Пановски.

Тој ги повика епидемиолозите да реагираат, нагласувајќи дека станува збор за професионална, а не политичка обврска.

„Епидемиолози, каде сте? Ова не е политика, ова е ваша должност да реагирате“, порача Пановски.

— реклама —

Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со истрагата за причините за масовните стомачни тегоби во Гостивар. Сè уште се чекаат конечните лабораториски анализи кои треба да покажат дали причината е поврзана со водата за пиење или со друг извор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

panovski

Пановски: Долг од 16.500 денари го чинеше Гостивар чиста вода и проект од 7 милиони евра

Македонија | пред 1 месец

panovski

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Македонија | пред 1 месец

media-librarye596tspq6s2p4vmvQaa

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Македонија | пред 10 месеци

Panovski-vo-Pretres-1

Доктор Пановски во шок, за малку ќе бил прегазен: За чудо, успеав да станам, целиот згмечен и во прав

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања