Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Милан сака да го задржи Пулишиќ до 2031 година, подготвува нов договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryc3ph3f4timbv2d0gMwX
screenshot youtube

Милан започнал преговори со Кристијан Пулишиќ за продолжување на договорот, со намера американскиот репрезентативец да остане на „Сан Сиро“ на подолг рок.

— реклама —

Според „Кориере дело Спорт“, раководството на клубот сака разговорите да бидат завршени до крајот на декември, односно пред почетокот на зимскиот преоден рок.

Пулишиќ моментално има договор со Милан до летото 2027 година, со опција клубот да го продолжи за уште една сезона. Сепак, „росонерите“ сакаат да му понудат нов договор со подолг рок, според кој би останал во клубот најмалку до 2031 година.

— реклама —

Во рамките на новиот договор се очекува и значително зголемување на неговата плата. Според информациите на италијанскиот медиум, Милан би можел да му понуди околу пет милиони евра годишно, плус бонуси поврзани со неговите индивидуални и тимски резултати.

— реклама —

Пулишиќ во изминатиот период се соочи со повреди, ограничена минутажа и долг голгетерски пост, но повторно се најде во центарот на вниманието по настапот против Лече. Тогаш постигна гол со кој го прекина речиси деветмесечниот пост во дресот на Милан.

Американецот пристигна во Милан во 2023 година од Челзи и потпиша договор до 2027 година, со можност за продолжување до 2028 година. Во меѓувреме се наметна како еден од поважните играчи во тимот, па клубот сега сака да ја обезбеди неговата иднина на „Сан Сиро“.

— реклама —

Милан по пет одиграни натпревари во Серија А има 11 бода и се наоѓа на петтото место на табелата. Лидер е Рома со два бода повеќе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 2 седмици

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања