Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Милчо Манчевски ќе има ретроспектива и ќе биде претседател на меѓународното жири на „Софија филм фест“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Milcho-Manchevski_portrait_Boryana-Pandova

Македонскиот режисер Милчо Манчевски ќе биде двојно честуван на „Софија филм фест“ (СФФ): ќе биде претставена целосна ретроспектива на творештвото на Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и два од краткометражните, а тој ќе биде и претседател на меѓународното жири на 27. издание на „Софија филм фест“ (СФФ) (16-26 март 2023 година).

— реклама —

Во рамките на фестивалот ќе биде прикажан и најновиот филм на Манчевски, црната комедија „Кајмак“, најгледан филм во Македонија годинава. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж и во копродукција со МРТВ, која ја имаше светската премиера на Токискиот филмски фестивал, најголем фестивал од А-категорија во Азија и деновиве сè уште се прикажува во македонските кина.

— реклама —
— реклама —

Во 1995, во програмата на СФФ беше прикажано дебито на Манчевски, „Пред дождот“ (кој освои номинација за Оскар и 11 награди во Венеција, вклучувајќи го и Златниот лав), а во 2020 тој повторно гостуваше во Софија за да го претстави својот филм „Врба“ кога доби и специјална награда на СФФ.

Минатата недела Манчевски беше претседател и на жирито на меѓународен фестивал во Рим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryui1jdp28pllk0Dyd6GR

Аплаузи, овации и редица фанови: Манчевски го освои Токио, „Сестра, брат и шахта“ доживеа блескава светска премиера

Магазин | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryoqns2sgjjpmo13Eg85E

Новиот филм „Сестра Брат Шахта / Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски со светска премиера во Токио

Македонија | пред 4 седмици

Milco-Mancevski

Почна снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски

Скопје | пред 1 година

Rain-China-1

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија

Филм | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања