Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој е обвинет во “Топлик”, шест часа е во судницата каде се даваат завршни зборови.
Тој вели дека случајот е апсурден и посочи дека постапувал според законот, па затоа формирал комисија и праша: “Каде е тука мојата вина?”.
„Апсурдноста е и во тоа што сеуште на крајот на овој процес јас незнам каде е мојата вина и за што. Апсурдно е тврдењето почитувани дека сум ги знаел информациите од првиот записник кога не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Обвинет сум дека сум ги знаел информациите од првиот Записник – не постои ниту вербален ниту материјален доказ дека тој Записник е доставен до мене, ниту пак истиот е насловен до мене. Тврдењата во обвинителниот акт не се поткрепени со докази, а притоа, не се следени ниту законите во државата”, кажа Јанакиески.
“Како можела комисијата и јас во 2007 година да знаеме дека планот за локалитетот Сончев град ќе биде оспорен и укинат на Уставен суд во 2010 година? Апсурдно е дека во 2007 година сум знаел што ќе се случи, како и дека по вина на Комисијата не се реализирал проектот. Со поништување на планот со одлука на Уставен, не можел да се реализира, а за тоа ние не сме виновни”, додаде Јанакиески.