Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Милошеска: Како е можно во една земја да не може да ми се обезбедат основни услови за детето - ја симнувам по скали кога таа не може да оди?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Martina

„Кога ја симнувам Мартина по скалите се чувствувам понижено. Си велам, како е можно во една земја да не може да ми се обезбедат основни услови за детето и двете да имаме пристоен живот. Зошто да ја мачам да ја симнувам по скали кога таа не може да оди?“ се запраша Маргарита Милошеска од Гостивар, самохрана мајка на 17-годишната Мартина која има церебрална парализа, објави ММС.МК. 

Маргарита и нејзината ќерка Мартина живеат во социјален стан во населбата Бањица во Гостивар. Зградата нема лифт и затоа Маргарита и Мартина секојдневно се мачат симнувајќи се од третиот кат на зградата до возилото со кое ја превезува со Дневниот центар за деца со посебни потреби во центарот на градот.

Додека ја пресоблекуваше Мартина и ја подготвуваше за да ја носи во Центарот, Маргарита ја раскажа својата болна животна приказна на ММС како самохран родител.

— реклама —

– Да бидеш самохран родител на типично здраво дете е тешко, а 50 пати е потешко на дете со посебни потреби. Честопати ја оставам Мартина сама, посебно кога врне снег или дожд и не ја носам во Центарот. во меѓувреме спие, ако се разбуди, се симнува сама од креветот, си игра додека јас си дојдам во 11.30 часот. Потоа почнуваат нејзините обврски, пресоблекување, капење и хранење, а потоа почнува со нејзините аутистични закони: не смеам една ролетна да ја спуштам, а другите да ги дигнам, морам сите да ги кренам. Во текот на денот можам да ја пресоблечам и пет пати. Тешко е, играчките се на подот, па морав тепихот да го покријам со ќебиња. Мартина тука си игра цел ден и во тој дел немам пристап. Не ме остава ниту да спијам во спалната со неа во последните шест месеци – раскажува Маги која поради Мартина работи со скратено работно време, а разликата во платата, според законот, и ја покрива државата.

— реклама —

Мартина имала 11 месеци кога починал татко и. Тогаш на Маги не и било толку тешко затоа што Мартина била мала, а поголемата ќерка постојано и помагала.

Но, сега таа има свое семејство, па Маги не сака да им бидат товар на нејзиното семејство.

— реклама —

Текстот во целост на: ММС.МК. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања