Британскиот BBC ја откри најголемата и најчуваната тајна хашка мистерија. Oд мртвото тело на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во Хаг бил изваден мозокот! Телото на поранешниот претседател на Србија Милошевиќ било погребано без мозок.
Дека телото на Слободан Милошевиќ во Србија било пренесено без мозок, открил Кристијан Шартије , кој во времето на смртта на Милошевиќ бил официјален портпарол на Трибуналот.

-Се сеќавам дека мртвото тело на Милошевиќ во март во 2006 година беше вратено во Србија без мозок. Не знам што било потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови., или пак останал во Институтот или е уништен, изјавил Шартије за BBC, а Флоренс Артман, која во 2006 година била портпаролка на Карла дел Понте, главната тужителка на Трибуналот , со својата изјава само ја продлабочила мистеријата.
Инаку, телото на Слободан Милошевиќ по аутопсијата во затворен ковчег му било предадено на неговиот син Марко, кој долетал од Москва за да го преземе. Според BBC во тоа време се појавиле и теории дека смртта на Милошевиќ е лажирана и дека тој тајно бил пренесен во Москва,а во Србија бил испратен празен ковчег.
-Поради строгите холандски закони за приватност не можевме да провериме дали во Хаг останал само мозокот или тоа се случило и се некој други делоти од телото. Ваква информација можеле да добијат само холандските или српските државни органи или членовите на најтесното семејство, изјавила портпаролката на Дел Понте, Флоренс за британскиот јавен сервис.
BBC се обратиле и до Холандскиот форензичен институт , од каде што не успеал да добие одговор на прашањето што се случило со мозокот на Милошевиќ. Со образложение од надлежните од Институтот дека „не им е дозволено да даваат информации за поединечни случаи“. Но и со кратко објаснување дека Институтот„ воопшто говорејќи има право да задржи одредени примероци поради понатамошно испитување“.