Власта го обвини Антонио Милошоски дека со пласирање на информацијата дека 7 земји гласаче ПРОТИВ датум за преговори за Македонија и Албанија ширел лажни вести. Премиерот Зоран Заев на прес-конференција рече дека првпат слуша за тие земји.Но Милошоски не застана тука. Тој ја сподели објавата на хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, која во изјава за хрватските медиуми од Брисел вели дека жали што нема согласност да се признае напредокот.
Во 2018 година најголемиот дел земји-членки се залагааа во април да започнат преговорите со Македонија и Албанија. Меѓутоа, имаше земји-членки кои не можеа да се согласат со тој текст. За жал, сега бројот на држави кои имаат резерва дури и се зголеми, вели Пејќиновиќ-Буриќ.
https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2565352683484182