Промени тема
Контакт

Милошоски: Доктрината опфаќа еден добар сегмент на главни области на делување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
milososki

„Изборниот резултат од локалните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ постигна одличен резултат е логичен след на развојот на настаните на овој Конгрес и самите резултати на локалните избори го определија претседателот Мицкоски како соодветен претседател кој што треба да биде реизбран од делегатите на Конгресот. Веруваме дека овој начин на работа кој што донесе успех и беше потврден преку голема доверба од страна на избирачите заслужува да добие шанса да продолжи и во иднина на политичко ниво се до следните парламентарни избори кои што очекуваме да се случат следната година“, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Сител телевизија.

Милошоски додаде дека според него со изборот на претседателот се отвора можноста да тој во одреден временски период да предложи кадровски решенија за другите органи на партијата посебно за ИК и очекува во таквите органи да има еден спој на искуство и освежување. А, тоа значи задржување на одреден број на кадри кои што можат да дадат придонес со своето политичко искуство и привлекување дополнително на нови и свежи кари кои што имаат ентузијазам и желба да се ангажираат на политичката сцена во Македонија.

— реклама —

„Мислам дека ќе има подновувања во секој случај, мислам дека ќе има подновувања но сепак да го оставиме тоа и нека биде едно пријатно изненадување во следниот период, за кое што сигурно јавноста ќе биде сведок и самата ќе го потврди и ќе го осознае“, рече Милошоски.

— реклама —

Милошоски посочи дека политичката доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е изработена од повеќе стручни лица и Комисии, како што е проф. д-р. Трајко Славески, г-ѓа. Рашела Мизрахи, амбасадорот Марјан Ѓорчев, Илија Димовски и експерти од многу области.

— реклама —

„И таа доктрина опфаќа еден добар сегмент на главни области на делување, пред се образование, семејни вредности, здравствени реформи, правосудство, дигитализација, европеизација, традиционални вредности, култура, македонски идентитет и ги отвора вратите со паролата – Македонија за сите луѓе. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе биде политичка опција кон која што ќе можат да се придружат и други актери без разлика на нивната политичка определба или можеби неопределени граѓани и стручни лица кои што сакаат да направат промени во општеството“, укажа Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања