Милошоски на распит кај Јанева, СЈО го прогласи за „моќник“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

antonijo-milosovski

Пратеникот Антонијо Милошоски пристигна на распит во СЈО за предметот „Моќник“, каде вчера исказ даде и поранешниот претседател на лустрациска Томе Аџиев. Тој е осомничен од страна на Специјалното обвинителство за нарачана лустрација на кичевскиот судија Драган Билевски.

— реклама —

Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, стои во истрагата на СЈО отворена во март годинава.

— реклама —

Истрагата за „Моќник“ опфаќа 13 осомничени меѓу кои и пратеникот Милошоски, неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага. За што постои и објавен телефонски разговор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања