„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Милошоски сега му го чува грбот на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
0F65C87E-2E38-4050-9CA0-493DB6E8E3E3

Минатиот петок кога во Собранието се гласаше за уставните измени, Антонио Милошоски застана пред новинарите и побара да не се одолговлекува почетокот на седницата и веднаш да се почне со изјаснување. Нагласи дека зборува во името на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“ што беше мало изненадување во тој момент, имајќи предвид оти тој подолго време игра „соло“ во парламентот. Но, само неколку дена подоцна, откако договорот со Грција ја мина првата фаза, а ВМРО-ДПМНЕ направи чистка во своите редови, ексминистерот за надворешни работи отворено стана во одбрана на лидерот Христијан Мицкоски, пишува Независен весник.

— реклама —

„Драматичните случувања во Собранието и нелегалниот чин против Уставот барем дадоа појасна слика за тоа кој се залага да се почитува волјата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. Христијан Мицкоски, сепак, покажа дека му е побитна демократската доверба што гласачите им ја дале на пратениците, како и волјата на членството и симпатизерите. Со тој став ја заслужи мојата поддршка и како пратеник, и како член на ВМРО-ДПМНЕ од 1992 година. Консолидацијата и единството во ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на програмските определби, се потребни и полезни за демократијата во Македонија“, нагласи Милошоски.

Информациите однатре говорат дека во последниот период се интензивирале средбите меѓу него и Мицкоски, при што биле надминати сите недоразбирања. Милошоски, наводно, му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти во пресрет на промената на Уставот, претседателските избори и евентуалните предвремени избори што може да се случат заедно со претседателските на пролет.

— реклама —

Во тој контекст, според нашите сознанија, со Милошоски е договарано тој да биде нов потпретседател на партијата, односно да го заземе местото на разрешениот Митко Јанчев. Се калкулира дека поранешниот министер има големо искуство во политиката, добро ја познава пратеничката практика и процедура, а како предност му се зема и тоа што прв од вмровската група јасно и без двоумење се изјасни дека ќе го бојкотира референдумот.

„Немам коментар“, ни одговори Милошоски на прашањето дали е точно дека ќе стане трет потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Александар Николоски и со Владо Мисајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања