Промени тема
Контакт

Милошоски: Власта уплатила речиси 8 милиони долари на фантом фирмата од Хонг Конг за двојно поскапи вакцини од набавната цена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Milososki-11.03

Иако негираа, сепак министерството за здравство уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирма од Хонг Конг која вакцините на Македонија требало да и ги продаде под двојна цена од набавната, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Свети Николе.

Милошоски вели дека како резултат на трчењето по провизии од страна на министерот и лошиот менаџмент Македонија за жал се наоѓа на високото трето или четврто место по бројот на смртност по глава на жител на милион жители во Европа.

— реклама —

- За жал тоа е резултат на слабиот менаџмент на министерството за здравство и она што пред неколку дека го добивме како информација сер потврдува дека додека другите соседни земји трчаа по вакцини, министерот за здравство и премиерот трчаа по провизии и документот кој го поседува ВМРО-ДПМНЕ дека министерството за здравство иако негираше сепак уплатиле речиси 8 милиони долари на фантом фирмата во Хонк Конг која што требало вакцините да ги продаде на Македонија за двојно повисока цена од цената за која ќе ги набави, потенцира Милошоски.

Тој додаде дека ако не трчаа по провизии и вакцинацијата почнеше уште во месец јануари, наместо 5 месеци покасно барем 500 животи на наши сограѓани ќе беа спасени со подобра здравствена организација.

— реклама —

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања