🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Милошоски зборува за две тајни коалиции: Левица со ДУИ за Струга и Тетово, во Карпош, Заев и Филипче со Јакимовски за маркици и тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryptvi05ggk84k00wxyHc

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски денеска на прес-конференција изјави дека за претстојните избори постојат две „не толку видливи, но проѕирни коалиции“, чија цел е заштита на бизнис интереси.

— реклама —

– Овие избори ги сојузија едни од најголемите манипуланти и штетници во Македонија против ВМРО-ДПМНЕ во две не толку видливи но сепак проѕирни коалиции, коишто имаат за цел да зашитат два бизнис интереси – рече Милошоски.

Тој како прва ја посочи коалицијата помеѓу ДУИ и Левица, при што, како што рече, Левица извадила „прокси кандидати“ во Струга и Тетово за да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие две општини.

— реклама —

– Тоа е истата онаа Левица и истиот Апасиев, кои го помагаа СЈО за дебели хонорари. Апасиев нема кандидат во Штип, каде што има пратеник Крмов, затоа што знае дека ќе изгуби. Апасиев нема кандидат во родниот Велес, затоа што знае дека ќе биде поразен, но во Струга и во Тетово, каде што на сите им е јасно дека немаат ниту теоретски шанси, Левица има кандидати за градоначалници коишто треба да служат како гума за спасување на кандидатите на Али Ахмети – изјави Милошоски.

Тој додаде дека пратеничката Јована Мојсоска имала средба со висок претставник на коалицијата на Ахмети, неколку дена пред да ја поднесе својата кандидатура за Струга.

– Дали се работи за истата Левица којашто за СЈО работеше за хонорари, и сега продолжуваат да шуруваат со Ахмети за одредени хонорари, времето набрзо ќе покаже – рече Милошоски.

Тој потсети дека и поранешниот премиер Зоран Заев зборувал за заедничка цел со Левица на парламентарните избори.

– И оваа коалиција е коалиција за заштита на бизнисите на ДУИ. А Левица повторно е тука за нечии туѓи интереси, за некоја позиција, и за одреден паушал – изјави Милошоски.

Како втора, Милошоски ја посочи коалицијата помеѓу Венко Филипче и Стевчо Јакимовски, која, според него, ја правел лично Зоран Заев во име на Филипче.

– Зоран Заев и Стевчо Јакимовски се стари другари од едни претходни локални избори, имаат добро разработена шема со градежната мафија и со доделувањето на маркици во општина Карпош. Во оваа коалиција гледаме дека кандидатката на СДСМ е кандидирана само ради реда, не се ни појавува на одредени митинзи, не се ни појавува ниту во јавност. Кандидатката на СДСМ е буквално пуштена низ вода, да фигурира на гласачкото ливче, но насоката на Заев преку Венко Филипче е членовите и симпатизерите на СДСМ во општина Карпош, да гласаат за Стевчо Јакимовски, при што ниту на Заев ниту на Венко Филипче не им пречи што Стевчо Јакимовски има првостепена осуда, ниту им пречи што е на црната листа на САД – рече Милошоски.

Тој обвини дека соработката е базирана на „шема на маркици“ и поддршка од урбаната мафија.

– Стевчо Јакимовски го има усовршено методот на бетонизација за профит и тоа го спојува со Заев и Филипче, она што претходно долго време го правеа на ниво на општина Струмица. Планот е во иднина Карпош да му послужи и на Заев и на Филипче, но исто така и на Стевчо Јакимовски, да биде базата од каде што ќе се финансираат овие поединци, групи и нивните политички опции – наведе Милошоски.

Според него, оваа коалиција е „проѕирна“, бидејќи „маркиците за градба, тендерите и корупцијата им се побитни од владеењето на правото и почитувањето на црната листа на САД“.

– Во секој случај, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има доволно силен потенцијал, граѓаните на Карпош се свесни и зрели и сметам дека овие политичари, особено оние коишто се на црната листа, а и Зоран Заев којшто се обидува во Карпош да наметне и да определи кој ќе биде градоначалник, ќе ги испратиме во политичка пензија – изјави Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjm9brbh43uk61d8Hug8

Кинеската амбасада во Македонија остро реагира за средбата на Антонијо Милошоски со претставници од Тајван

Македонија | пред 3 седмици

Antonio-Milososki

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Македонија | пред 3 месеци

Milososki-25112020

На затворена седница противзаконски се носел заклучок да се продолжи мандатот на претседателката на Судски совет, тврди Милошоски

Македонија | пред 1 година

IMG_4975

Милошоски: Во извештајот на ДКСК за 2023 година разочарувачки е не постапувањето на Републичкиот судски совет а Чачорова Илиевска треба да си поднесе оставка за да има брза и ефикасна реформа во судск...

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања