Минарето се гради ден и ноќ – надлежните од институциите „не гледаат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dzamija-najnova

Дали градењето на минарето во џамијата без дозвола, во строгиот центар на Охрид уште еднаш покажува дека одредени поединци имаат поголема моќ од институциите во државава?

— реклама —

Ден среда 20 март, сончево време, повеќе него било кога раздвиженост по Охридската чаршија. Меѓу нив инспектори, полицајци, судии, обвинители, архитекти, граѓани ... сите поминуваат покрај објект кој се гради убзано без одобрение, но очигледно никој не гледа.

Знаеме дека Охридското Основно јавно обвинителство покрена правна постапка против правни и физички лица за неправилности при реконструкцијата на Али Пашината џамија во центарот на Охрид. Но, нема детали за ова обвинение.

— реклама —

Дознаваме дека била побарана и забрана за преземање на градежни дејствија, затоа што „осомничените презеле градежни дејствија само врз основа на добиено конзерваторско одобрение во 2016 година, но не поседувале правосилно одобрение согласно прописите за градење од Министерството за транспорт и врски, без што не смееле да отпочнат активности за реконструкција на Али Пашината Џамија“.

Но, и покрај ова минарето се гради. Никој очигледно многу „помоќен“ не ги почитува забраните? Зошто?

Од општинскиот инспекторат единствениот градежен инспектор и покрај тоа што има налог од обвинителството да реагира, сепак си молчи.

Единствени кои реагираат се медиумите кои се обидуваат да ја разбудат „правната држава“ па секојдневно објавуваат видеа и фотографии од тоа дека не се почитуваат одлуките, како и здружението „Совест“  кои барајќи правда денеска стигнаа до премиерот, кој очигледно до сега не видел што се случува во Охрид.

Според в.д градоначалник н Охрид, Константин Георгиески, се` уште има простор да се изнајде решение за проблемот со минарето на Али Пашината џамија во Охрид. Според него, треба да се исцрпат сите можности пред граѓаните да започнат со протести.

Министерот за транспорт и врски пак Горан Сугарески при последната посета на Охрид порача дека институциите кои се надлежни во овој дел не треба да си ги префрлаат ингеренциите една на друга, туку треба да постапат согласно законот.

– Градежниот инспекторат треба да постапи по сите точки кои не се во одобрениот план, дециден беше министерот Сугарески.

Битен фактор во оваа сложувалка е и Управата за заштита на културно наследство.

Од таму јаки на збор велат дека продолжувањето на изградбата на 32 метри високото минаре на Али Пашината џамија е запрена од страна на инспекцијата. Тие информираат дека во петокот излегле на терен утврдиле неправилности и отстапувања од конзерваторското одобрение поради што инвеститорот е и парично санкциониран.

Но, сето ова е само на хартија. Очигледно инспекторите и институциите се во длабок зимски сон. Додека тие се „разбудат“, последното опело на правната држава ќе биде испеано токму од 32 метарското Минаре, затоа што од таму не само што ќе слушнат, туку и ќе го видат сите од било кој дел на Охрид.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања