Промени тема
Контакт

Минатата недела направени речиси 300 инспекциски надзори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
metalni-rabotnici
Фото: Илустрација

Во текот на изминатата работна недела од 17.01. до 21.01.2022 година, Државните инспектори за труд од областа на работните односи извршија вкупно 292 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Од вкупниот број на надзори извршени се 48 редовни надзори, 200 вонредни надзори и 44 контролни инспекциски надзори за утврдување дали работодавачите постапиле по истекот на рокот од издадените решенија.

— реклама —
— реклама —

Во овој извештаен период, издадени се вкупно 77 решенија од кои 69 решение со опомена за утврдени неправилности и недостатоци по различни основи од Законот за работни односи и издадени се 7 решенија со наредба за непостапување по решението со опомена и 1 решенија за забрана за работа во недела во траење од 15 дена.

— реклама —

Издадени се 8 прекршочни платни налози за сторен прекршок и утврдена глоба во истите во зависност од големината на правниот субјект, од кои за 1 правен субјект поведено е барање за поведување на прекршочна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања