Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarycicajbia1s345ff8ZhN

На 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација ЕК–Македонија, првпат во Брисел, се разгледаа напредокот и приоритетите: стратешката рамка и патоказот за РЈА, управување со јавни финансии, човечки ресурси, развој и координација на политики, испорака на услуги, отчетност и транспарентност. Министерот Горан Минчев нагласи дека РЈА е клучна за евроинтеграциите и зајакнување на институциите, повикувајќи се на извештаите на ЕК и SIGMA и на „конкретен и мерлив“ напредок во извештајот за 2025. Тој истакна и зачувување на националниот идентитет, јазик и култура. Министерството најави продолжување со доследна имплементација и резултати за граѓаните и бизнисите, а состанокот е механизам за следење и координација со ЕУ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беа теми на 14-тиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација помеѓу Европската комисија и Република Македонија, кој за прв пат се одржува во Брисел.

Во своето воведно обраќање, министерот за јавна администрација, Горан Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови на европската интеграција, но и на институционалното зајакнување на државата.

— реклама —

„Реформата на јавната администрација останува клучен приоритет на Македонија, како во процесот на европската интеграција, така и во унапредувањето на функционирањето на институциите на национално ниво. Нашата определба е јасна: професионална администрација, ефикасни институции и услуги ориентирани кон граѓаните и бизнисите.“ - нагласи Минчев.

Минчев се осврна и на последните наоди од извештаите на Европска комисија и оценките на SIGMA, нагласувајќи дека тие претставуваат важен инструмент за насочување на реформските активности.

— реклама —

„Македонија се движи напред. Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот е конкретен и мерлив“ - потенцираше министерот.

Едновремено истакна и дека европската перспектива на државата се гради врз основа на демократските вредности, но и со јасна почит кон националниот идентитет, јазикот, култура и историскиот континуитет на македонската држава.

„Нашата европска перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на националниот идентитет, македонскиот јазик и културниот и историскиот континуитет на Македонија. Станува збор за вредности кои се длабоко втемелени во нашето демократско уредување и кои се дел од процесот на институционално јакнење и развој“ - заклучи министерот, нагласувајќи дека токму преку силни, професионални и отчетни институции се зајакнува и демократската основа на државата.

Министерството за јавна администрација останува цврсто посветено на доследна имплементација на започнатите реформи и на испорачивање на конкретни резултати за во интерес на граѓаните и бизнис заедницата.

Состанокот на Специјалната група за реформа на јавната администрација претставува важен механизам за следење на напредокот на Македонија во оваа област и за координација на реформските активности со институциите на Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library45jmpfkld4b804cJemt

Македонија и Босна и Херцеговина ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryhnnubh1bea3n2xmoFj5

Минчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрација

Македонија | пред 1 седмица

media-library9u2nrpfu1965aqVGqxO

Министерот Минчев се сретна со директорот на НДИ за унапредување на отворената и транспарентна власт

Македонија | пред 1 седмица

media-librarymvardigvou9gfLyY62S

Минчев: Одговорност, мерит и јасни правила за високото раководство во администрацијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања