„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Минчев: Одговорност, мерит и јасни правила за високото раководство во администрацијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarymvardigvou9gfLyY62S

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието на Република Македонија, посветена на Предлог-законот за високата раководна служба во органите на државната управа и фондовите.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на високата раководна служба претставува клучен сегмент од сеопфатната реформа на јавната администрација и дел од пошироката реформска агенда насочена кон изградба на професионална, стабилна и отчетна државна администрација.

„Реформата на високата раководна служба не е техничка интервенција во законодавството. Таа е политичка одлука од највисок ранг и одраз на државничка зрелост и одговорност“ нагласи министерот, додавајќи дека начинот на уредување на највисоките управувачки позиции директно влијае врз квалитетот на владеењето, стабилноста на институциите и довербата на граѓаните.

— реклама —

Министерот посочи дека со предложеното законско решение првпат се воспоставува кохерентна и унифицирана рамка за именување, мандат, оценување и разрешување на високите раководители, вклучително и директорите, државните секретари, замениците и членовите на управните одбори.

„Принципот на мерит, кој со години го споменувавме во декларативна форма, со овој закон станува системско правило. Воведуваме појасни критериуми, јавен повик, структурирана селекција и рангирање, со јасна обврска процесот да биде транспарентен и сеопфатен“ истакна Минчев.

Во однос на улогата на извршната власт во процесот на избор, министерот нагласи дека задржувањето на конечната одлука кај Владата е во согласност со уставниот поредок и принципот на политичка одговорност.

„Во парламентарна демократија, одговорноста не може да биде апстрактна. Таа мора да има јасен носител. Ова не е отстапување од мерит-системот, туку негово институционално усогласување со демократската легитимност“ посочи министерот.

Посебен акцент беше ставен и на реформата на управните одбори, со намалување на нивниот состав на три члена, како и на ограничувањето на институтот „вршител на должност“ кој со новото законско решение станува строго временски ограничен механизам.

„Овој закон не создава привилегии, туку поставува одговорности. Тој не концентрира моќ без контрола, туку ја поврзува моќта со отчетност и резултати“ истакна министерот, додавајќи дека целта е воспоставување функционална држава во која секој носител на одлуки јасно знае како е именуван и пред кого одговара.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7p8cubas92n9ajEfC8b

Минчев: Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото

Македонија | пред 3 седмици

media-librarypbth5ohsfoabdg4l4Dt

Минчев: СДСМ денес е окупирана партија, Заев и Филипче се водат од лични интереси

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryv9qtutg4ofvg52LOcSn

Минчев: Нема враќање на старите модели и партиските вработувања

Македонија | пред 1 месец

media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања