„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Минчев: Видлив напредок во реформата на јавната администрација и силна посветеност кон професионална и ефикасна администрација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryhnnubh1bea3n2xmoFj5

Министерот Горан Минчев на јавна расправа го презентираше напредокот во 2025 за Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и повика на коментари од институции, граѓански сектор и стручна јавност. Тој нагласи дека реформата е клучна за добро управување и квалитетни услуги, со фокус на човечки ресурси, нов закон за обуки и формирање Академија, ИТ-алатка за следење (со ReSPA) и закон за висока раководна служба. ЕК 2025 нотира видлив напредок; извештајот е достапен на ЕНЕР.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска се обрати на јавната расправа посветена на нацрт-Годишниот извештај за 2025 година за имплементацијата на Акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, организирана од Министерството за јавна администрација.

Целта на јавната расправа е да се презентира напредокот во спроведувањето на активностите во текот на 2025 година и да се овозможи отворена дискусија со институциите, граѓанскиот сектор и стручната јавност, со цел прибирање коментари, забелешки и предлози за понатамошно унапредување на реформскиот процес.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот Минчев истакна дека реформата на јавната администрација претставува клучен столб на доброто управување и важен предуслов за унапредување на институционалната ефикасност и квалитетот на јавните услуги.

— реклама —

„Ефикасната, транспарентна и одговорна администрација е темел на доброто управување, владеењето на правото и долгорочниот општествен развој. Нашата цел е јасна – да изградиме професионална, ефикасна, транспарентна и граѓански ориентирана администрација која ќе одговара на реалните потреби на граѓаните и деловната заедница“ истакна министерот Минчев.

— реклама —

Тој посочи дека Министерството за јавна администрација континуирано работи на зајакнување на системот за управување со човечките ресурси во јавниот сектор и на воспоставување современа и професионална административна служба.

Министерот се осврна на донесувањето на Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, кој создава основа за формирање Академија за јавна администрација. Како што беше истакнато, оваа институција ќе има значајна улога во континуираното унапредување на знаењата и вештините на јавните службеници и во зајакнувањето на професионалните капацитети на администрацијата.

Истовремено, министерот нагласи дека Министерството работи на подобрување на координацијата и следењето на реформските процеси преку развојот на ИТ-алатка за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, со поддршка на ReSPA. „Оваа алатка ни овозможува во реално време да го следиме напредокот на реформите, да идентификуваме предизвици и да обезбедиме поефикасна координација меѓу институциите“ нагласи министерот.

Беше потенцирана и важноста на законското решение за високата раководна служба, кое воспоставува професионален и транспарентен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во институциите, со што се зајакнува ефикасноста и одговорноста во јавниот сектор.

„Последниот извештај на Европската комисија за 2025 година ја потврдува нашата посветеност и видливиот напредок во реформата на јавната администрација. Во споредба со претходните извештаи, јасно е дека напредокот во делот на реформата е видлив и конкретен“ додаде министерот Минчев.

На јавната расправа беше нагласено дека реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети во процесот на европската интеграција на Република Македонија.

Министерството за јавна администрација информираше дека нацрт-Годишниот извештај за 2025 година е јавно достапен на системот Електронски национален регистар на прописи (ЕНЕР), со што се овозможува активно учество на сите засегнати страни во процесот на унапредување на јавните политики и реформата на јавната администрација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9u2nrpfu1965aqVGqxO

Министерот Минчев се сретна со директорот на НДИ за унапредување на отворената и транспарентна власт

Македонија | пред 1 ден

media-librarycicajbia1s345ff8ZhN

Минчев: Европската перспектива ја градиме паралелно со зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymvardigvou9gfLyY62S

Минчев: Одговорност, мерит и јасни правила за високото раководство во администрацијата

Македонија | пред 1 месец

media-library7p8cubas92n9ajEfC8b

Минчев: Пржинската влада го отслужи своето и треба да остане во минатото

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања