Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Министерката за култура оправдува поставување споменици во чест на амнестирани криминалци“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
279527024_534943114666482_7102584340100191531_n

По поднесената Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор до Министерството за култура против Општина Липково, а со цел утврдување на законитоста на постапката околу подигнувањето на контроверзниот меморијален споменик во чест на борците на УЧК/ОНА, со намера трајно зачувување на спомените на овие личности, од министерството, кратко и неаргументирано одговорија до Левица дека НЕМА НИШТО СПОРНО во постапката за подигнувањето на споменикот, вели Левица.

— реклама —

„Во одговорот е очигледно воочлив напорот од надлежните инспектори во Министерството за култура, да пробаат да го оправдаат контроверзниот споменик, исклучиво потпирајќи се врз манипулативниот и противправен начин на кој општина Липково го завела истиот како спомен-обележје.

Градоначалникот Еркан Арифи ја заобиколил процедурата и овој споменик го именувал како спомен обележје. Ваквото противзаконско однесување е скандалозно, со оглед на фактот дека се работи за Меморијален споменик за војната, кој нема локално, туку исклучително државно значење, бидејќи иститот беше на целата територија на државава.

— реклама —

Со тоа што кулата е именувана како спомен обележје, општината ја избегнала процедурата во Собрание и одлуката за негово подигнување ја донела на локално ниво, односно во Советот на општината.

Имено, спорниот споменик не може во никој случај да се третира како спомен-обележје, бидејќи не се однесува на личности од локално значење за општината или „селската кооперација“, како што законот налага. Напротив, споменикот се однесува на зачувување на спомените на лица амнестирани од кривичен прогон за тешки кривични дела, кои во 2001 година дејствуваа на поголем дел од територијата на Република Македонија.

Очигледно е дека министерката Бисера Костадиновска - Стојчевска работи во целост да го сокрие самоволието и безаконието на ДУИ, за кои функционери не важат законите веќе 20 години наназад. СДСМ со нејзините анонимни кадри во актуелната коалиција е само пајтон-партија на ДУИ, чија цел е да ги заштити криминалите на функционерите од ДУИ, кои фактички владеат со Републиката“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања