Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Министерот Адеми незаконски станал редовен професор на ДУТ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
minister-za-obrazovanie-arbr-ademi_22

Државната комисија за спречување корупција ќе истражува дали министерот за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент на Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово во 2017 година, додека сѐ уште бил министер без ресор во Владата, пишува Факултети.мк.

— реклама —

Министерот Адеми за Факултети.мк вели дека не е контактиран од ниту една надлежна институција и дека не знае дали за него има отворено некаков предмет.

— реклама —

– Како и да е, ние сме за почитување на сите законски прописи и во оваа постапка која била спроведувана од страна на Универзитетот бидејќи тие се надлежни да распишуваат конкурси за избор и реизбор. Така што ќе инсистираме на доследна примена на сите законски прописи. Тоа значи дека прво треба да имам информации што и како, па потоа да видам дали има некоја таква постапка – вели Адеми.

— реклама —

Претставката до Антикорупциска ја поднел просветниот инспектор за високо образование Ѓорѓи Илиевски по редовен инспекциски надзор во тетовскиот универзитет во април годинава.

— реклама —

Илиевски за Факултети.мк тврди дека при редовен инспекциски надзор на тетовскиот универзитет утврдиле дека актуелниот министер за образование и наука Арбер Адеми незаконски е избран во наставно-научно звање доцент бидејќи во периодот на изборот неговото работно место на ДУТ било во мирување. Уште двајца функционери од Владата, според Илиевски, исто така незаконски напредувале во наставно-научни звања на тетовскиот универзитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања