Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Министерот Алиу и директорката Андоновска го посетија пунктот за превенција на кардиоваскуларни заболувања – Не губи ритам, пешачи за здраво срце!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryme8jh9kpqj5pcbGxjDr

По повод одбележување 29 септември–Светски ден на срцето, денес министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска го посетија превентивниот пункт во ТЦ „Дајмонд мол“.

— реклама —

Граѓаните покажаа голем интерес за бесплатно мерење крвен притисок, холестерол и ниво на шеќер во крвта на превентивниот пункт. Здравствените услуги на пунктот ги врши тим од Институтот за јавно здравје. Со ваквите акции заеднички ја подигнуваме свесноста за навремено откривање и превенција од кардио-васкуларни заболувања. Дополнително, присутните добија индивидуални совети и препораки за здрава и урамнотежена исхрана, редовна физичка активност, како и поддршка и мотивација за откажување од пушење – три клучни фактори во заштитата на здравјето на срцето, изјави министерот Алиу.

Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска ја истакна важноста на примарната превенција и активниот пристап кон сопственото здравје.

Светскиот ден на срцето е можност да се потсетиме дека здравото срце значи и квалитетен живот. Институтот за јавно здравје ќе продолжи со активности насочени кон унапредување на здравјето на населението и поддршка на здрави животни навики, изјави д-р Андоновска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqccs191edpbayiG09y

Министерство за здравство во соработка со Светска банка посветено на реформи на примарната здравствена заштита и унапредување на здравствените политики

Македонија | пред 4 седмици

media-librarylc7b2cqk32pfeU8Rnhl

Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура со поддршка од турската агенција ТИКА

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања