Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Министерот Андоновски на состанокот на Работната група за критична инфраструктура: Се стремиме кон отпорна дигитална иднина за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6527

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше воведно обраќање на осумнаесеттиот состанок на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура (CICWG). Овој состанок е дел од Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), иницијатива поддржана од УСАИД, фокусирана на зајакнување на сајбер безбедноста во клучните сектори како енергетика, телекомуникации и финансии.

„Во ера на забрзана дигитализација и растечки сајбер закани, министерството за дигитална трансформација презема решителни чекори кон зајакнување на националната сајбер безбедност“, истакна министерот во своето обраќање. Тој го нагласи успехот на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура во зајакнувањето на сајбер безбедноста во критичните сектори како енергетика, телекомуникации и финансии. "Оваа програма е извонреден пример за тоа како меѓународната соработка може да донесе конкретни придобивки за нашата земја," рече Андоновски.

— реклама —
— реклама —

Министерот ги истакна и предизвиците со кои сè уште се соочува земјата во областа на сајбер безбедноста. Тој ја нагласи потребата од поефикасна заштита на критичните информациски системи, подобрување на регулативата и усогласувањето со европските директиви. "Се уште сме на почетокот во градењето на отпорност кон сајбер нападите нс критичните сектори. Но, како што работиме на овие иницијативи, нашата нова Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучниот документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети," изјави Андоновски.

— реклама —

Тој ја сподели визијата за создавање на безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество во Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeku0c0k4jt57c1i9CLw

Андоновски: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновски: СМАРТ лиценците носат транспарентност, ефикасност и системска борба против корупцијата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiq6e5h00ol96f54XIfu

Андоновси: Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци

Македонија | пред 1 месец

media-library15t89lededtr1yLlYPu

Андоновски: Електронската архива и менаџмент на документи (еДМС) значи намалена можност за корупција и брза размена меѓу институциите

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања