🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Министерот Меџити лаже - не е точно дека иницирал најголема набавка на возила за итна медицинска помош во историјата на Македонија, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-43-7060PM

„Денешната изјава на Меџити дека ЌЕ набавувал возила за итна помош е "најголема лажна вест во историјата на државата" и воопшто не кореспондира со фактичката состојба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

➡️Фактите говорат дека најголема набавка во историјата на Македонија за возила на итна медицинска помош е реализирана во 2012 година кога беа набавени 70 возила за итна медицинска помош. Истите беа опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема кои ги задоволуваа најновите еколошки стандарди. Конкретно, набавката се состоеше од 69 комплетно опремени амбулатски возила - подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило.

— реклама —

Четвртиот министер за здравство, Фатмир Меџити тера гол пиар со празни флоскули кои по учебник всушност значат само неработа и негрижа.

Неговите омилени фрази ЌЕ, како никогаш досега паѓаат во вода и ваквите празни "ќе" флоскули на граѓаните им се повеќе од јасни затоа што не можат да дојдат до основна здравствена услуга, нема ниту основни лекови, се затвораат цели оддели заради долгогодишна негрижа за специјалистичкиот кадар.

Меџити да внимава кога толку лесно се расфрла со празни пиарски флоскули, а пред се да не шири лажни вести, особено не кога станува збор за факти кои се лесно проверливи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања