Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Министерот Муцунски повика на политичка зрелост и поддршка за реформите што се директно поврзани со европската агенда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryn4vishdjudef99FvFd1

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на прес-конференција во Владата, порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската надворешна политика.

На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека европската интеграција бара сериозност, одговорност и национален консензус околу најважните државни прашања.

— реклама —

„Ова не е процес на една Влада. Ова не е процес на една политичка партија. Ова е процес што ја определува иднината на државата“, нагласи министерот.

— реклама —

Тој повика на политички дијалог заснован на аргументи, институции и заемна почит, оценувајќи дека европската интеграција не смее да биде предмет на дневнополитички конфронтации.

Муцунски упати повик и до опозицијата да покаже зрелост и конструктивност и активно да се вклучи во реформите поврзани со европската агенда и Планот за раст на ЕУ, особено во делот на Изборниот законик и правосудните закони.

— реклама —

„Не декларативна поддршка за Европа на прес-конференции, туку конкретна поддршка таму каде што навистина се носат одлуките – во институциите и во Собранието“, рече Муцунски.

— реклама —

Тој додаде дека Владата останува посветена на реформите, кои, според него, се важни не само за Брисел, туку и за подобри институции, правна сигурност и повеќе можности за граѓаните и младите.

Осврнувајќи се на Планот за раст на ЕУ, Муцунски најави дека во следниот период се очекува историски висока исплата на средства за државата во рамките на овој механизам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb39kumub1v8s3kkgZFN

Муцунски: Напредокот во надворешната и безбедносната политика е потврден со највисоки оценки

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 седмица

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања